Евертон му врачи отказ на спортскиот директор

Макфакс

06/12/2021

12:03

1.532

Големина на фонт

а а а

Фудбалскиот клуб Евертон му врачи отказ на спортскиот директор, Марсел Брандс. Во исто време од клубот соопштија дека менаџерот Рафа Бенитез ја има поддршката да продолжи со својата работа.

Евертон се без победа на последните осум натпревари во Премиер лигата. Во средата загубија од Ливерпул (1:4). Навивачите тогаш го пцуеја Брандс додека го напушташе стадионот.

Холанѓанецот Брандс стапи на функцијата во 2018 година. Во својот мандат потроши преку 300 милиони евра, но не успеа да го издигне Евертон од просечноста. Единствен плус во неговиот мандат е Доминик Калверт-Лувин, но ниту со неговиот голови, Евертон не успева да бележи добри резултати.

Евертон се наоѓа на 16.место во Премиер лигата, со 15 бодови, 12 од нив „карамелите“ освоија во првите пет кола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг