Груби-Томан: Преговорите со ЕУ да започнат на почетокот на 2022 година

Макфакс

06/12/2021

11:56

1.659

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби се сретна со амбасадорот на Република Чешка Мирослав Томан.

Груби потенцираше дека поддршката од Чешка и другите земји членки на Европската Унија е многу важна за европските аспирации на Северна Македонија.

Тој ја побара директната поддршка од Чешка во декември за утврдување на датумот за одржување на првата меѓувладина конференција со Европската Унија која ќе го одбележи почетокот на преговорите во првите месеци на 2022 година.

Груби нагласи дека нашата земја треба да ги искористи искуствата на земјите членки на ЕУ, за спроведување на реформите за членство во ЕУ и за креирање на подобри услови за живот на граѓаните.

На средбата според соопштението од кабинетото на Груби се дискутирало дека Западен Балкан е еден од најголемите приоритети на коишто се фокусира Чешката Република во поглед на европските перспективи и дека ќе продолжи да дејствува во тој правец.

Груби и Томан се согласиле дека потенцијалот за продолжување на соработката меѓу двете земји е голем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг