Со САД негуваме продуктивен политички дијалог, оцени Пендаровски на средбата со Ескобар

Макфакс

06/12/2021

11:51

477

Големина на фонт

а а а

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу Република Северна Македонија и САД, како и за состојбите во регионот.

Пендаровски оцени дека двете држави во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог и изрази уверување дека билатералните односи ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика.

Претседателот ја истакна важноста на силната и континуирана поддршка од САД во остварувањето на стратешките цели на нашата држава, од прогласувањето на независноста до денес.

Во однос на аспирациите за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето за скорешен почеток на пристапните преговори за членство, истакнувајќи дека деблокирањето на интегративниот процес позитивно ќе се одрази на севкупната стабилност и развојот на регионот. Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката на американската администрација, и лично на заменикот помошник државен секретар Ескобар, во однос на потребата за напредокот на земјите од регионот кон ЕУ.

На средбата претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на Република Северна Македонија, како најнова членка на НАТО, да придонесе за колективната безбедност и одбрана на вредностите на евро-атлантската заедница.

Пендаровски се заблагодари на поканата за учество на виртуелниот Самит за демократија, во организација на претседателот на САД, Џо Бајден, што ќе се одржи на 9 и 10 декември 2021 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг