Кучето Макс кое обожува да плива, да нурка и да собира камења ги воодушевило луѓето на интернет

Точка

06/12/2021

11:47

9.309

Големина на фонт

а а а

Лабрадорот Макс станал хит на интернет бидејќи многу сака да плива и да нурка. Ова не е големо изненадување бидејќи е познато дека лабрадорите сакаат да бидат во вода, но однесувањето на Макс ги изненадило и неговите сопственици, а на почетокот дури и ги исплашило.

Макс моментално е популарен на повеќе социјални мрежи на кои Кристина ги објавува неговите авантури. На едно видео, кое има 2,6 милиони прегледи, Макс скока во вода, нурка и пребарува каде има камења, па излегува со камен во својата уста и повторно оди во потрага.

Луѓето во коментарите се воодушевени од Макс и неговото однесување.

@yellowlabmarine

showing off his water ballet skills #labrador #labradorretriever #dive #fyp #doggo

♬ Here Comes the Boy - Theme - 88century

"Какво слатко куче", "Што е ова, куче или сирена", "Добро правите, се гледа дека Макс ужива во животот", "Прекрасен е", пишувале луѓето.

Во разговор со "The Dodo", Кристина рекла дека се исплашила кога Макс прв пат нурнал. Не излегол неколку минути и мислела дека нешто му се случило, но Макс набрзо излегол со голем камен во уста. Набрзо сфатила дека нејзиниот миленик едноставно сака да биде во вода.

Додала дека претходните сопственици не се грижеле добро за него и дека привремено го земала кај себе, но дека набрзо одлучила да го вдоми. Кога дошол кај Кристина, Макс бил предебел и одлучиле да одат со него на пливање со надеж дека така ќе намали дел од килограмите.

Сепак, со балансирана прехрана и физичка активност, Макс набрзо се вратил на нормална тежина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг