Шеф од пеколот! Извршен директор отпуштил 900 вработени преку "Zoom": Доколку сте на овој повик, дел сте од несреќната група која е отпуштена

Точка

06/12/2021

11:05

7.951

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на "Better.com", Вишал Гарг, преку "Zoom" повик известил 900 вработени дека добиле отказ непосредно пред божиќните празници.

Гарг објаснил дека хипотакарната компанија отпушта околу 9 % од своите работни сили. "Доколку сте на овој повик, вие сте дел од несреќата група која е отпуштена", рекол Гарг. "Вашиот работен однос тука престанува веднаш".

Како што пренесува "CNN", Гарг на вработените им порачал наскоро да очекуваат мејл со детали за бенифиции и отпремнина.


Гарг ги навел пазарната ефикасност, перформансите и продуктивноста како причина за отпуштањето. Списанието "Fortune" подоцна известило дека Гарг ги обвинил вработените дека крадат од своите колеги и купувачи така што се непродуктивни и работат само два часа дневно.

"Ова е втор пат во кариерата да правам нешто вакво и не сакам да го правам. Последен пат кога го направив, плачев", рекол Гарг кој овој пат бил краток и не покажувал никакви емоции.


Хипотекарниот заемодавец кој има поддршка од "Softbank" во мај најавил дека излегува на берзата и минатата недела добил 750 долари во кеш како дел од работата. Компанијата годината би можела да ја заврши со заработка од преку една милијарда долари.

Гарг и претходно предизвикувал контроверзи за што сведочи и мејлот кој му го пратил на персоналот, до кој дошол "Forbes".


"Проклето сте бавни. Вие сте група глупави делфини. Затоа престанете, престанете веднаш. Ме срамите", напишал тој.

"Daily Beast" во август известил дека еден од најверните работници на Гарг добил огромно зголемување на платата и бенефиции во вид на милиони долари вредни акции. Тоа лице подоцна било пратено на административно отсуство поради малтретирање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг