Нови два гола на Даци во Белгија, голманот на Вестерло направи грешка која уште долго ќе се врти

Дерби

06/12/2021

10:58

1.959

Големина на фонт

а а а

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Ердон Даци продолжува да блеска во Белгија каде даде уште два гола за неговиот Вестерло.

Лидерот на табелата во втората белгиска лига направи фантастичен пресврт во второто полувреме и славеше над Мускрон со 4-3.

Имено домаќините по првите 45 минути губеа со 2-0 со тоа што голот со кој се отвори резултатот уште долго ќе се памети и ќе се врти на листите на најсмешни фудбалски инсерти затоа што голманот Давид Рагард Јенсен направи катастрофална грешка и си постигна комичен автогол.

Во второто полувреме се се промени откако гостите останаа со играч помалку, па Вестерло максимално притисна и нашиот Даци со два погодоци беше креатор на пресвртот и победата од 4-3.

Ердон со 8 гола е на второто место на листата на стрелци, поефикасен од него е само Ленарт Мертенс со 10 погодоци. Вестерло пак со 33 бода е убедливо прв на табелата со плус 13 во однос на второпласираниот Васланд-Беверен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг