Генерации пораснаа со нивните авантури: За многумина е омилен цртан од детството, а знаете ли како всушност се викаат Том и Џери?

Точка

06/12/2021

22:50

12.737

Големина на фонт

а а а

Цртаниот филм „Том и Џери“ ги одбележа животите на многу генерации. Тој настана дамнешната 1940 година, а од 1940 до 1958 година компанијата „MGM“ произвела 114 епизоди.

Во меѓувреме, овој цртан филм доживеа голем број телевизиски реинкарнации, а во текот на годините се снимени и неколку долгометражни остварувања за авантурите на популарните глушец и мачка.


Но, она што е интересно е што Том и Џери не се вистинските имиња на овие анимирани ликови. Во новата видеоигра „MultiVersus“ пишува дека целосното име на Том е Томас Џаспер Постариот додека Џери е Џералд Џинкс. Том и Џери се всушност само прекари на главните јунаци на популарниот цртан филм.

Фановите на Том и Џери на Твитер останале збунети кога ја дознале оваа информација, а еден од нив се запрашал: „Ако во името на Том стои дека е „Постариот“, каде се тогаш неговите деца?“.

Според наводите на сајтот „CNET“, кога цртаниот филм за првпат дебитирал на телевизија пред повеќе од 80 години, неговите главни ликови се викале Џаспер и Џинкс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг