Драмата во Индонезија се уште трае, ветерот и дождот го попречуваат спасувањето: Загинале 14 луѓе во ерупцијата на вулкан

Точка

06/12/2021

09:18

1.589

Големина на фонт

а а а

Службениците кои го надгледуваат индонезискиот вулкан Семеру, по смртоносната ерупција во текот на викендот, им порачале на жителите и натаму да бидат внимателни, бидејќи силниот ветар и дождот ги спречиле напорите за потрага и спасување. Загинале 14 луѓе, а десетици биле повредени.

Највисоката планина на островот Јава драматично еруптирала во саботата, исфрлајќи висок столб пепел во небото кој ги прекрил околните села.

Снимките од воздух прикажуваат кровови кои "ѕиркаат" од пејсажот прекриен со пепел, додека воени службеници, полицијата и жителите со раце ја копаат калта за да ги извлечат жртвите.

Директорот на вулканската опсерваторија, Семеру Лисванто, ги предупредил луѓето да останат на безбедна оддалеченост од планината, насред извештаите дека вознемирените жители се вратиле во своите куќи за да ги проверат имотите и стоката.

"Статусот на планината Семеру и натаму е на ниво 2, што значи дека луѓето мора да бидат внимателни бидејќи потенцијална закана се уште постои", рекол тој.


Повеќе од 50 луѓе се здобиле со повреди од ерупцијата, во главно изгореници.

Тековите на лавата го уништиле стратешкиот мост кон ги поврзува двете област во округот Лумајанг со градот Маланг.


Во областа Сумбервулух, спасувачките напори биле нагло прекинати поради силниот ветар, а јавни кујни и здравствени установи се поставени за повеќе од 1.000 луѓе кои се раселени, јавува "Reuters".

Семеру е еден од повеќе од 100 активни вулкани во Индонезија, земја која се простира низ Пацифичкиот огнен прстен, област со високи сеизмички активности која лежи на повеќе тектонски плочи, пренесува "Tanjug".




Спонзорирани линкови

Маркетинг