По големата потрага, ЦУК информира дека се пронајдени двете изгубени лица на Пелистер

Точка

05/12/2021

23:35

5.393

Големина на фонт

а а а

Денеска во поладневните часови две лица се изгубиле во близина на Неолица (најблизок рид до Битола од планината Баба-Пелистер).

Лицата телефонски пријавиле во СВР Битола дека се дезориентирани во просторот и залутале далеку од пешачката патека.

Вечерва се пронајдени двете лица, информира Центарот за управување со кризи.

Тимовите за потрага и спасување на надлежните служби започнаа голема потрага, а и покрај тоа што батериите на телефоните на изгубените лица биле целосно испразнети, тие се лоцирани и спасени, велат од Центарот.

Двете изгубени лица безбедно се донесени во Битола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг