Протест во Брисел поради строгите ограничувањата против Ковид-19

Макфакс

05/12/2021

19:26

1.893

Големина на фонт

а а а

Стотици луѓе денеска маршираа низ центарот на Брисел во знак на протест поради построгите ограничувања против Ковид-19, кои ги воведе белгиската влада со цел да се справи со најновото нагло зголемување на бројот на заразени коронавирус.

Учесниците на маршот протестираа против мерките објавени во петокот, трета недела по ред, кога владата ги заостри рестрикциите бидејќи со последното зголемување на новозаразените со Ковид-19, капацитетите во болниците се преполни.

Извикувајќи „Слобода! и носејќи транспаренти на кои пишуваше „Обединети за нашата слобода, права и нашите деца“, луѓето маршираа до седиштето на Европската унија. Некои носеа транспаренти со критики за вакцините и слогани против вакцините да бидат задолжителни.

Со оглед на најголемиот пораст на случаи кај децата, белгискиот премиер Александар Де Кро во петокот рече дека носењето маска ќе биде задолжително за сите деца на возраст над шест години. Децата постари од 10 години и досега беа обврзани да носат маска. Основните училишта ќе бидат затворени за божиќните и новогодишните празници една недела порано, а средните училишта ќе преминат на хибриден систем, па половина од наставата ќе ја следат од дома.

Собирите во затворени простории се ограничени на 200. Владата претходно ги затвори ноќните клубови и нареди баровите и рестораните да бидат затворени во 23 часот на три недели. Се шпекулираше дека времето на нивното затворање ќе биде поместено за 20 часот, но Владата засега се одлучи против тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг