Светскиот магазин „Elle“ забрани промоција на животинско крзно во сите свои модни изданија

Точка

04/12/2021

22:38

12.996

Големина на фонт

а а а

Познатиот моден магазин „Elle“ забрани промовирање на животинско крзно во своите изданија ширум светот, со цел да ја зголеми свеста за добробитот на животните.

Магазинот кој започна со издавање во 1945 година од страна на медиумската куќа „Lagardere“ има дури 45 изданија ширум светот. На месечно ниво го читаат над 33 милиони читатели, а дури 1 милион месечно ја посетуваат онлајн страницата на истиот.

Интернационалната директорка на магазинот, Валерија Бесоло Лопиз, ја поздрави „иднината без крзно“.

„Присуството на животинско крзно на нашите страници, како и на оние виртуелните, не се совпаѓа со нашите вредности, ниту со вредностите на нашите читатели. Крзното стана старомодно. Ние сме во нова ера во која има големи очекувања во поглед на етиката“, вели Лопиз.

Во последните неколку години, бројни модни куќи се одлучија на ваков потег.

„Elle“ веќе го исфрли крзното од 13 изданија, а помеѓу нив е и српското кое веќе се огласи по повод новата одлука.

„Elle забранува промоција на животинското крзно во сите свои изданија, а Србија ѝ се приклучи на акцијата за добробит на животните“, пишува на официјалната Инстаграм страница на српското издание на магазинот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг