Сопругата на Алек Болдвин со емотивна објава за актерот: „Скршен си, не сакам да те изгубам“

Точка

04/12/2021

20:38

7.263

Големина на фонт

а а а

Сопругата на Алек Болдвин го поддржа актерот по бројните негативни коментари кои ги предизвика неговото интервју на „ABC“.

Откако пред два дена Алек Болдвин ѝ посвети емотивна објава на сопругата, таа решила да му возврати на истиот начин, па на Инстаграм напишала како се чувствува за сето она што му се случува на нејзиниот сопруг.

„Тука сум, те сакам и ќе се грижам за тебе. Тоа беа единствените зборови кои ми паднаа на ум кога дознавме дека Халина починала. Се сеќавам дека постојано ја повторував таа фраза. Страшна загуба, мачење на нејзиното семејство и ти, мојот сопруг, кој некако се пронајде во овој незамислив кошмар. Тој момент ми е врежан во сеќавањето, фотографите кои те опкружуваат и ја документираат твојата агонија. Не можев да бидам близу тебе за да те прегрнам, се слушнавме по телефон, само визуелен приказ кој светот може да го види“.


„Нашиот јавен живот носи голема радост во поврзувањето со неверојатни луѓе и голема траума кога ќе падне мрак. Мислењата за нашите животи стануваат гласни и претерани. Се плашев што ќе се случи ако се отвориш затоа што видов дека духот ти е скршен, менталното здравје ти е скршено, а душата ти е во незамислива болка. Понекогаш се прашувам колку можат да поднесат едно тело и еден ум. Не сакам да те изгубам“, напишала Хиларија.

За потсетување, Алек Болдвин пред 2 дена го даде првото интервју по трагедијата на снимањето на филмот „Rust“, кога случајно ја усмрти колешката Халина Хачинс. Болдвин во текот на разговорот тврдеше дека не го повлекол чкрапалото, а таа изјава предизвика бројни коментари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг