Пејачот во новата модна кампања потсетува на свештеник: "Изгледаш како лидер на некоја секта"

Точка

04/12/2021

17:15

8.092

Големина на фонт

а а а

Носителот на новата модна кампања на Баленсијага за пролет/лето 2022 е пејачот Џастин Бибер. За неговиот изглед интернет публиката не можела да престане да коментира.

Бибер носи долг црн широк капут, црни чизми и околу вратот носи ланец на кој виси паричник и клучеви, што предизвика дополнителни реакции на социјалните мрежи.

"Отец Џастин", "Изгледаш како лидер на секта", "Изгледаш како свештеник", "Како да учествува во некој ритуал", биле дел од коментарите.

Исто така на социјалните мрежи го споредиле и со ликот на вујкото Фастер од Фамилијата Адамс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг