Илон Маск го споредил новиот директор на Твитер со Сталин

Точка

04/12/2021

15:30

46.195

Големина на фонт

а а а

Сопственикот на компаниите Тесла и SpaceX, Илон Маск го споредил новиот директор на на Твитер, Параг Агравал, со советскиот лидер Јозеф Сталин.

Според Бизнис Инсајдер, реакциите на Маск не се изненадувачки во врска со одлуката на основачот на Твитер, Џек Дорси да отстапи од фукнцијата директор на оваа компанија. Маск токму на таа социјална мрежа реагирал со фотомонтажа со која Агравал со споредил со советскиот диктатор.

За оваа монтажа искористена е фотографија на која се Сталин и шефот на советската тајна полиција, Николај Јежов. Маск објавил две фотомонтажи - на првата Агравал во друштво на Дорси кој е претставен како Јежов, додека на другата Агравал е сам.

Со тоа сакал да сугерира дека Дорси е турнат во вода, односно дека Агравал сака што повеќе да го оддалечи од Твитер. Всушност, во реалноста, Јежов е убиен во 1940 година кога во Советскиот Сојуз имало "голема чистка".

Дорси на 29 ноември соопшти дека повеќе нема да биде директор на Твитер и дека неговиот наследник е Агравал. До следната година ќе биде член на управниот одбор. Тој уште повеќе ќе се посвети на својата компанија за онлајн плаќање, Сквер.

Системот на Дорси за плаќање од 10 декември ќе биде преименуван во Блок, а тој ќе постои под корпорацијата Сквер, пренесува Бизнис Инсајдер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг