Намирница која сите ја јадеме, а не знаеме дека е „смрт“ за холестеролот и дека го чува нашето срце

Точка

04/12/2021

16:18

28.922

Големина на фонт

а а а

Вишокот холестерол може да претставува голема опасност по здравјето на поединците и штетно да влијае на кардиоваскуларниот систем и срцето.

Доколку не сте знаеле, крушата ефикасно го намалува холестеролот.

Вишокот ниво на холестерол го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести и срцев удар. Во однос на честите проблеми, докторите по потреба препишуваат и таблети, но нивото на масти секако ќе го намалите и со промена на исхраната, како и здравиот начин на исхрана.

Нутриционистот Роб Хобсон навел дека една здрава намирница значително го намалува холестеролот во крвта, а исто така има и други корисни својства.


Станува збор за крушата

Хобсон објаснил дека крушата содржи голема количина растворливи растителни влакна познати како пектин.

„Овие растителни влакна во цревата се претвораат во супстанции налик на гел, а потоа се врзуваат за холестеролот и се излачуваат од телото“, изјавил Хобсон.

Нутриционистот истакнал и дека научниците спровеле голем број на студии за пектинот кои ја докажале неговата способност за намалување на нивото на холестерол. Оваа супстанција не се наоѓа само во крушите, туку и во друго овошје, како што се јаболката и цитрусите.


Освен тоа, крушата е богата и со антиоксиданти кои му помагаат на телото да се бори против слободните радикали.

Во студијата објавена во „Current Developments in Nutrition“, научниците објасниле и дека ова овошје може да го намали ризикот од развој на кардиоваскуларни болести.




Спонзорирани линкови

Маркетинг