Џорџ Клуни одбил 35 милиони долари за „еднодневна работа“: „Разговарав со сопругата Амал за тоа, па...“

Точка

04/12/2021

15:40

9.727

Големина на фонт

а а а

Џорџ Клуни открил дека во една прилика му биле понудени 35 милиони долари за „еднодневна работа“, но тоа го одбил.

Актерот, кој годинава го прослави својот 60-ти роденден, бил замолен да глуми во реклама за авиокомпанија, но откако разговарал со својата сопруга, адвокатката за човекови права Амал, одлучил да ја одбие понудата.

„Понудени ми беа 35 милиони долари за еднодневна работа за реклама за авиокомпанија, но разговарав со Амал за тоа и одлучивме дека не се исплати. Потоа помислив: „Па, доколку ми одзема една минута сон, не вреди“, изјавил Клуни за „Гардијан“.

Најновиот проект на актерот е „The Tender Bar“, филмот за полнолетството направено според истоимената книга на Џ.Р. Морингер.


Филмот кој го режирал, ја пренесува приказната за момчето кое ја бара татковата фигура во барот кој го води неговиот вујко. Дејството е сместено во Њујорк, а во главните улоги е и Бен Афлек како сопственик на барот, додека пак Таџ Шеридан ја толкува улогата на внукот Џеј Ара.

„Поголемиот дел од филмовите кои ги правам прилично се мрачни, но овој беше лесен и ми изгледаше дека светот е целосно мрачен, па сакав да направам нешто што е поведро“, изјавил Клуни, пренесува британски „Метро“.

Погледнете го трејлерот:



Спонзорирани линкови

Маркетинг