Филмот на кој му предвидуваат 3 Оскари, филмските критичари велат: „Сценографијата го одзема здивот, а глумата е спектакуларна“

Точка

04/12/2021

15:00

9.458

Големина на фонт

а а а

Премиерата на филмот „Nightmare Alley“ штотуку заврши, а луѓето веќе почнаа да коментираат дека филмот ќе освои најмногу Оскари.

Премиерата на филмот, кој е создаден според истоимениот роман на Вилијам Линдзи Гришам од 1946 година, одржана беше вчера во Њујорк. Главните улоги ги толкуваат Бредли Купер како Стен и Кејт Бланшет како докторката Лилит.

Уредникот на магазинот „Variety“, Рамин Ситуд, меѓу првите го прокоментирал филмот и особено тоа го направил за улогата на Бредли.

„Бредли Купер најверојатно ќе го добие петтиот Оскар за глумата во филмот“, напишал тој, додека пак неговиот колега од истиот магазин неколку пофални зборови упатил и до Дел Торо.


„Во состав на „Nightmare Alley“ се два филма. Во едниот Бредли Купер добива Оскар, во другиот златната статуетка оди во полицата на визионерскиот режисер Дел Торо. Може да се случи еден од тие два, и двајцата ништо, но во најмала рака, трката за престижната награда во категорија за најдобра сценографија завршена е синоќа“, смета Клејтон Дејвис.

Филмскиот критичар Џез Тенглеј ова остварување го окарактеризирал како брилијантно.

„Гилермо дел Торо направи неверојатно убав филм. Сценографијата го одзема здивот, а глумата е спектакуларна, на чело со Бредли Купер кој ја донесе најдобрата улога годинава“, мислењето на Тенглеја.

Од друга страна, неговиот колега Роберт Даниелс не е толку воодушевен.

„Не сум импресионирам со филмот. Сè е многу матно, не бев во состојба да ги видам лицата од актерите. Имаше моменти кога морав да ги напрегнам очите за да го видам толкувачот. Филмот е предолг, а Бредли не ме воодушеви“, напишал тој во својата критика.


Сепак, тоа била осамена негативна критика, со оглед на тоа што пофалните зборови пристигнале и од Кевин Полови, но и од познатиот филмски критичар Ерик Дејвис.

„Филмот е заводлив во смисла да ве вовлече во приказна за човек кој е изгубен во измамите. Сцените меѓу Бредли и Бланшет се прекрасни“; истакнал Дејвис.

Филмот во кината ширум светот ќе почне да се прикажува на 17 декември.

Погледнете го трејлерот:



Спонзорирани линкови

Маркетинг