Првото Југо е дизајнирано во Торино, а на тестирањето во Југославија поминало 100.000 километри

Точка

03/12/2021

18:47

42.183

Големина на фонт

а а а

Застава 102, односно Југо, влезе во легендите на автомобилизмот и е еден од заштитните симболи на поранешна Југославија.

Моделот првично бил дизајниран во Торино, Италија, а инспирацијата за дизајнот била од Фиат 127. Првиот прототип е произведен на 2 јули 1977 година, а тестирањето започнало во јануари 1979 година и траело до април истата година.


На тестирањето спроведено во Југославија, Југо поминало 100.000 километри, тргнал од Будва кон Петровец до Вирпазар па назад до Бар и Будва. Возен бил во четири смени секој ден, а потоа стигнал и до Златибор каде бил возен 100.000 километри преку Муртеница и Сирогоја исто така во четири смени.


Автомобилот бил секојдневно набљудуван и прегледувал за да се воочат промени на каросеријата и останатите делови. На крајот завршил во Крагујевац, а после тоа и официјално му започнал успешниот живот. Сериското производство почнало на 28 ноември 1980 година, а редизајнираниот модел се продавал до 11 ноември 2008 година. Произведени биле вкупно 794.428 автомобили.


Југо успеало да стигне и до САД каде се продавало од 1985 до 1992 година, а продадени биле вкупно 141.652 примероци. Иако е критикуван поради дизајнот, Југо сепак стана легенда.




Спонзорирани линкови

Маркетинг