„Мислите дека сме идиоти и дека пиштолот сам испукал?“ Актерот не верува во приказната на Алек Болдвин

Точка

03/12/2021

18:28

9.565

Големина на фонт

а а а

Џон Шнајдер го критикувал колегата Алек Болдвин поради тврдењата дека 'не го повлекол чкрапалото'.

Првото интервју по трагедијата која се случи на снимањето на филмот „Rust“, Алек Болдвин вчера му го даде на Џорџ Стефанопулос, новинар во телевизијата „ABC news“.

Една од неговите изјави се најде на мета на критики поради неговиот колега Џон Шнајдер, кој одлучил да не остане воздржан, како што не останал ниту Џорџ Клуни.

Шнајдер тврдел дека интервјуто е смислено за да нѝ биде жал за Болдвин и тврди дека емотивните одговори на актерот со солзи во очите за време на интервјуто биле многу неискрени.

Шнајдер го довел во прашање разговорот и прашал дали гледачите треба да веруваат дека пиштолот испукал сам од себе.

„Ова е прекрасна работа во која сите работиме. Почестени сме и привилегирани што сме дел од неа. Очигледно Џорџ и Алек направија ср*ње и очигледно е дека Халина уште е мртва. Нејзиното семејство уште е без мајка, без сопруга. Тогаш тоа е апсурдно. 'Пропагандната машина' е одговорна за одржувањето на идејата дека Болдвин е жртва. Пред три недели, тоа беше реквизит. Пред четири недели никој не знал дека ова оружје е наполнето на сет. Денес не го повлекол чкрапалото“, рекол актерот.

„За какви идиоти нè сметате“, прашал актерот.

Потоа развил аналогија, споредувајќи го пукањето во „Rust“ со насилник кој турнал дете од лулашка на игралиште, што резултирало со сериозни повреди.

„Што ќе ви каже насилник? Не ја турнав јас! Не ја турнав. Прво ќе каже: Не знаев. Не знаев што се случува. Потоа, ако тоа не успее, што, впрочем, уште не функционира, бидејќи би требало да го проверите оружјето, пријателе, но потоа имате храброст да кажете: Не го повлеков чкрапалото“, рекол Џон.

Актерот додал дека и понатаму е непростливо да не го проверите оружјето кога ви го предаваат, дури и ако ви е кажано дека е празно.

За тоа време, Алек Болдвин се огласил на својот Инстаграм профил со емотивна порака.

„Без оглед што се случува со мене, без оглед колку ќе страдам, дали ќе победам или изгубам. Било што. Никој не може да ми ги одземе среќата и љубовта што ми ги пружаш. Ова се тешки времиња. Овој свет е полн со омраза, но ти ми даваш причина да живеам. Нашиот живот и нашето семејство се единственото за што се грижам. Ништо друго. Тоа си го должам себеси“, напишал Болдвин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг