(Видео) Бектеши најави одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи

Точка

03/12/2021

18:34

3.045

Големина на фонт

а а а

Министерот за економија, Крешник Бектеши, по примерот на Србија размислува да ги замрзне цените на основните прехранбени производи.

Ова, министерот го навести во емисијата „Трилинг“ која ќе се емитува вечерва на „ТВ24“, во која освен тој гостуваат и универзитетскиот професор Марјан Бојаџиев и д-р Билјана Калчовска.

„Во склоп на Министерството за економија, секторот за трговија ги направи пресметките во делот на замрзнување на цените на основните прехранбени производи. Предлогот е подготвен и во сабота или вторник ќе биде пратен до Владата, каде што ќе се разгледа. Најверојатно ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на лебот, брашното, млекото, зејтинот, можеби и месото“, вели Бектеши.

На 30-ти ноември ваква одлука донесе соседна Србија, која ги ограничи цените на основните прехранбени производи: шеќер, брашно од типот Т-400, сончогледово масло за јадење, свинско месо и млеко, така што тие нема да го надминуваат ценовното ниво од 15-ти ноември 2021 година.

Одлуката која ќе се применува за период од 60 дена, предвидува и производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот во последните 12 месеци.

За непочитување на наведените одредби се предвидени парични казни во износ од 100.000 до 2 милиони динари, како и забрана за вршење дејност во период од 6 месеци до една година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг