Ова е најпијаната нација на светот: Се опиваат до бесвест повеќе од 2 пати месечно и околу 27 пати годишно – глобалниот годишен просек е 14

Точка

03/12/2021

18:08

16.627

Големина на фонт

а а а

Австралијците се прогласени за најголеми пијаници во светот, откако е утврдено дека во 2020 година консумирале алкохол до онесвестување речиси двојно повеќе отколку останатите, покажало годишното меѓународно истражување за употреба на дрога.

Повеќе од 32.000 луѓе од 22 земји ја пријавиле својата консумација на дрога и алкохол во Глобалното истражување за дрогата во 2021 година. Извештајот објавен во четвртокот покажува дека австралиските испитаници се опивале повеќе од 2 пати месечно (околу 27 пати годишно), додека глобалниот просек бил околу 14 пати, или нешто повеќе од еднаш месечно.


Данците и Финците се изедначени на второто место, а испитаниците од секоја земја пријавиле дека се опивале речиси 2 пати месечно минатата година. Анкетата го дефинирало пијанството како ситуации во кои физичките и менталните способности се нарушени до тој степен што се нарушени рамнотежата, фокусот и говорот. Утврдено е дека Мексиканците најретко ја достигнуваат оваа состојба, пишува „РТ“.

Речиси четвртина од австралиските испитаници се пожалиле на своите навики за пиење, а речиси три четвртини од учесниците изјавиле дека не се задоволни што „пиеле премногу и пребрзо“. Но, Ирците најлошо се чувствувале кога ќе претераат со алкохолот, а повеќе од една четвртина од анкетираните посакале „да пиеле помалку или воопшто да не пиеле“.


Австралијците кои пијат се исто така изедначени со испитаниците од Финска кога станува збор за барање итна медицинска помош за „сериозни“ ситуации поврзани со алкохол. Стапката на барање медицинска помош и во двете земји била речиси тројно поголема во однос на глобалниот просек, што довело до дополнителен притисок врз јавните здравствени системи погодени од коронавирусот.

Водечкиот истражувач Моника Барат изјавила за австралискиот „Лач“ дека пивото било омилен избор на алкохол за време на пандемијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг