Баба научила да чита и пишува на 104 години: За тоа сонувала уште од дете

Точка

03/12/2021

16:37

10.597

Големина на фонт

а а а

На тестот за писменост освоила 89 од 100 поени.

Кутијама, 104-годишна баба од јужната индиска држава Керала, отсекогаш сакала да оди во училиште.

Меѓутоа, раниот брак и животот фокусиран на одржување на домаќинството довеле до крај на тој сон.

"Имав 16 години кога родителите ме омажија, ни моите браќа и сестри не знаеја да читаат и пишуваат", рекла таа.

Меѓутоа, нејзината желба била исполнета кога конечно добила можност да се приклучи кон програмата за описменување спонзорирана од владата.

Кутијама на 104 години научила да чита и да пишува - нешто што го сакала уште кога била дете.

"Сакав да бидам наставничка, но тоа не беше можно бидејќи никогаш не одев во училиште", рекла бабата. Почнала да учи пред една година и вели дека седела покрај внукот додека учеле и внимателно набљудувала, пренесува "BBC".

Станала главна вест откако освоила 89 од 100 поени на официјалниот тест по писменост.

"Испитот не беше тежок", рекла оваа старица.

Додала дека се надева дека ќе живее доволно долго за да ги види внуците како стануваат успешни со добри работни места.




Спонзорирани линкови

Маркетинг