И тоа се случува: Коза упаднала во зградата на Владата во Утар Прадеш и земала документи

Точка

03/12/2021

15:40

10.179

Големина на фонт

а а а

Во индиската држава Утар Прадеш во Канпуру, коза упаднала во канцелариите на владата и украла документи, пренесуваат светските медиуми.

За инцидентот се дознало кога снимката од коза која носи документи била објавена на социјалните мрежи.

Во снимката се гледа како црна коза стои со документи во уста. Како што пренесуваат индиските медиуми, откако вработените ја забележале надвор од зградата, почнала да бега.

Еден од вработените почнал да ја брка, а снимката завршува со "потера" која траела некое време.

Животното на крајот било фатено, а работниците ги вратиле документите, иако биле прилично оштетени.

Меѓутоа, службениците тврдат дека не станува збор за официјални документи, па штетата не е сериозна, пренесува "Independent".



Спонзорирани линкови

Маркетинг