Претседателот на Модерна: Бустер доза против Омикрон веќе во март

Точка

02/12/2021

21:55

2.919

Големина на фонт

а а а

Компанијата Модерна веќе во март би можела да заврши со тестирање на бустер дозата за сојот Омикрон и да поднесе барање за одобрување во САД, рекол претседателот на таа компанија Стивен Хог.

Тој рекол дека бустер дозата која во себе содржи гени кои посебно таргетираат мутации на новиот сој би била најбрзиот начин за решавање на проблемите со намалената ефикасност на вакцините.

"Веќе го започнавме тој програм", рекол Хог за "Reuters".


Компанијата исто така работи на мултивалентна вакцина која би била ефикасна против четири различни соеви на коронавирус, вклучувајќи го и омикрон.

"Тоа би можело да потрае уште неколку месеци", рекол тој.


Со оглед на насоките на американската Агенција за храна и лекови (ФДА), Хог рекол дека процесот би можел да потрае три или четири месеци.

"Бустер дозата за омикрон, реално гледано, не може да излезе на пазарот пред март, а можеби дури и до второто тримесечје,освен ако ФДА не ги промени своите насоки за податоците потребни за авторизација", рекол претседателот на Модерна и додал дека компанијата ќе почне со производство на вакцини уште додека траат тестирањата за да може што побрзо да им ја понуди на граѓаните.




Спонзорирани линкови

Маркетинг