Завршена драмата во зградата на Обединетите Нации

Точка

02/12/2021

20:37

3.104

Големина на фонт

а а а

Зградата на Обединетите Нации денеска била блокирана, а полицијата пристигнала на самото место бидејќи претходно бил пријавен инцидент пред зградата.

Тоа го соопштил портпаролот на ОН откако медиумите објавиле извештај дека пред зградата се појавил вооружен маж, пренесува "Reuters".

На видео снимката која била емитувана во живо, се гледа маж со пушка и полициски сили пред оградата околу комплексот на источната страна на Менхетн. Полицијата во меѓувреме го лишила осомничениот од слобода.

Сообраќајот бил во прекин во тој дел од градот, напишала полицијата на Твитер.

Обезбедувањето во Зградата на ОН отворило еден влез во седиштето на истата, рекол портпаролот, бидејќи мажот со пушката се наоѓал пред другиот влез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг