Откриена можната причина за појава на крвни згрутчувања по примање на АстраЗенека

Точка

02/12/2021

19:09

21.240

Големина на фонт

а а а

Научниците веруваат дека откриле како доаѓа до екстремно ретките случаи на појава на крвни згрутчувања по примање на вакцината АстраЗенека.

Тим експерти од Кардиф и САД дошле до заклучок дека клучната компонента на вакцината привлекува протеин во крвта, што доведува до верижна реакција во која е вклучен и имунолошкиот систем, што може да резултира со појава на опасни згрутчувања, пишува Би-Би-Си.

За вакцината против Ковид-19 се верува дека спасила околу милион животи, но постои загриженост во врска со ретката појава на згрутчување на крвта по примањето на истата, поради што, на пример, во Британија на лицата под 40 години им се нуди алтернативна вакцина.


Истрага за причините за згрутчување на крвта отпочнала и самата компанија. Портпаролката на АстраЗенека вели дека тие се јавуваат многу почесто поради инфекција со коронавирус отколку поради вакцината и дека сè уште не е утврдено целосно објаснување за таа појава.

Според Би-Би-Си, вакцината се состои од генетски материјал Ковид-19 во комбинација со послаба верзија на вирусот. Содржината на инјекцијата се инјектира во мускулите, но понекогаш стигнува и до крвта, каде што може да привлече протеински тромбоцитен фактор 4.

Во ретки случаи, имунолошкиот систем го заменува протеинот со вирус и ослободува антитела кои го напаѓаат, при што доаѓа до формирање на грутки, што е поттик за формирање на крвни згрутчувања.


„Аденовирусот има многу негативна површина, а тромбоцитниот фактор 4 многу позитивна, така што добро се поклопуваат“, објаснил Алан Паркер, истражувач од Универзитетот во Кардиф.

„Сега знаеме што е предизвикувачот, но треба многу нешта да се поклопат (за да се формира згрутчување)“, додал тој, објаснувајќи зошто згрутчувањето е многу ретка појава.

Во Велика Британија се дадени речиси 50 милиони дози од АстраЗенека, а пријавени се 73 смртни случаи поврзани со згрутчување на крвта.

Истражувањето ќе продолжи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг