Кавани го одбрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата

Дерби

02/12/2021

16:13

3.706

Големина на фонт

а а а

Единсон Кавани иако има 34 години кога е фит и подготвен се уште може многу да му понуди на фудбалот, па затоа и понатаму е дел од најголемата сцена и го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Сепак како што стојат работите токму оваа кампања ќе биде негова последна во дресот на премиерлигашот во кого дојде во 2020 година. Сега повеќе го нема менаџерот Оле Гунар Солскјер поради кого и потпиша нов едногодишен договор за актуелнава кампања во која не се изнаигра и забележа пет настапи.

Англиските медиуми поточно „Тајмс“ пренесува дека Уругваецот ги минува последните месеци на „Олд Трафорд“, но веќе знае каде ќе игра во 2022 година. Наводно Единсон ќе си го исполни сонот и ќе потпише за Барселона, клуб кој во минатото пројавуваше интерес за него.

Финансиската состојба во Барселона не е сјајна и клубот не може да притисне да го доведе во јануари, меѓутоа на лето може да дојде како слободен играч и со своето знаење, квалитет да им помогне на каталонците кои создаваат нова екипа, микс на млади, талентирани и искусни фудбалери.

Единсон ја започна кариерата во Данубио, па преку Палермо, Наполи и Пари Сен Жермен дојде до сегашната средина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг