Анри испрати директна порака до Артета и Арсенал пред мечот со Јунајтед: Сакам да видам…

Дерби

02/12/2021

16:13

3.963

Големина на фонт

а а а

Вечерва ќе се комплетира 14. коло во Премиер лигата со тоа што завесата ќе бисе спуштена на „Олд Трафорд“ каде силите ќе ги одмерат старите и добри ривали Манчестер Јунајтед и Арсенал.

„Црвените ѓаволи“ и „топчиите“ повеќе не доминираат во англискиот фудбал, немаа сила и не се конкурентни за титулата веќе одредено време, меѓутоа овие дуели секогаш се посебни, предизвикуваат внимание, интерес затоа што се тимови со традиција и со голема база на навивачи.

Тјери Анри како член на Арсенал има одиграно многу вакви дерби натпревари и многу добро знае како се победува, па во пресрет на вечерашниот натпревар испрати директна порака до играчите, но и менаџерот Микел Артета. Французинот е задоволен од тоа што составот почна да ги добива „помалите“ клубови, но сака да види напредок и „скалп“ на поголема „риба“, вистински конкурент.

- Покажавме дека можеме да го победиме Њукасл на домашен терен. Можеме да го победиме Барнли, можеме да ја победиме Астон Вила пред да дојде Стивен Џерард. Можеме да го победиме Лестер со 27% посед. Победата против тие тимови – тоа го очекувам од Арсенал кога ќе игра еден натпревар неделно.

- Сега подобрувањето е дали можете да ги победите тимовите на врвот? Тоа е подобрувањето што сакам да го видам и чекам да го видам на „Олд Трафорд“. Секој пат кога играат со тим против кого треба да загубат, тие не само што губат, туку и ги разбиваат. Подобрувањето што сакам да го видам е дали можат да дојдат до топ-четири?

- Јас сум навивач на Арсенал и мислам дека на Микел Артета му оди добро, но сакам да го видам тоа подобрување. Јунајтед не е во топ четири, ама може да биде порака таму да се победи и тоа добро да се победи. Зборуваме за Арсенал. Не сум над Месечината со победа на Њукасл, сакам да ги видам како победуваат на „Олд Трафорд“, - заврши славниот Французин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг