Ембид признава: Тешко ми е по короната, проблем се…

Макфакс

02/12/2021

16:11

11.352

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Филаделфија, Џоел Ембид одредено време беше надвор од терените затоа што беше заразен со коронавирусот за да по враќањето експлодира на дуелот против Минесота Тимбервулвс за да пак потоа не биде препознатлив во пресметките со Орландо Меџик и дербито со Бостон Селтикс кое се одигра рано утрово.

Центарот шутираше 3 од 17 во мечот со „келтите“, а по истиот признава дека се уште ги чувствува последиците од битката со КОВИД-19, односно дека се уште не е на посакуваното ниво.

- Никогаш не би го искористил тоа како изговор, но очигледно ќе ми треба време да се вратам, особено проблемот со нозете, физичката кондиција и сите тие работи. Ама секој ден морам да продолжам да работам напорно и да продолжам да се подобрувам, - рече Камерунецот кој воедно порача дека смее повеќе дирга како против Орландо и Бостон.

- Не можам да играм како на овие последни два натпревари. Особено кога станува збор за шутевите. Ако ме удвојат, тогаш нема да имам лесни кошеви и морам да направам позиција за моите соиграчи и морам да погодувам, - порача Ембид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг