Барди меѓу десетте најзначајни имиња во Примера кои ќе бидат слободни по крајот на оваа сезона

Дерби

02/12/2021

15:25

3.314

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди се најде во одбрано друштво на играчи на кои им завршува договорот по крајот на оваа сезона во Примера.

Шпанските медиуми одбраа десет најквалитетни имиња кои ќе бидат слободни агенти во 2022 година ако во меѓувреме не се случи некоја промена, листа на кој се најде нашиот ас од Леванте.

Енис веќе неколку сезони е меѓу најдобрите играчи на составот од Валенсија кој сезонава пак се соочува со доста проблеми и е во зоната на испаѓање. Покрај Македонецот тука се и Усман Дембеле од Барселона, Иско Аларкон од Реал Мадрид, Луис Суарез од Атлетико Мадрид, Серхи Роберто од Барселона, Аднан Јанузај од Реал Сосиедад, Герет Бејл од таборот на „кралевите“, Хоселу од Алавес и Алекс Фернандез од Кадиз.

Останува да видиме каде овие фудбалери можат да завршат, но и дали некој од нив ќе остане во сегашните средини со потпишување на нови договор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг