По јавниот апел, Јосиф е пронајден: Неговата мајка сподели детали – Имам информација кој го завел, тие проповедале т.н. Божјо слово

Точка

02/12/2021

13:15

9.634

Големина на фонт

а а а

По речиси два дена потрага по младиот Јосиф од Драчево во која покрај семејството беа вклучени и полицијата и пријателите, момчето е најдено.

Неговата мајка, Маја Попова за „А1он“ споделила дека полицијата успеала да го лоцира, па кажала детали за случајот.

Според мајката на момчето, тоа било заведено од секта, од страна на лице кое се претставувало како бездомник:

„Него го најде полицијата. Ангажиравме многу луѓе, го пријавивме во полиција, ангажиравме едно чудо луѓе. Го најдовме. Дури и од неговата гимназија замоливме деца кои ни помогнаа. Тие се веќе полнолетни, со 18 години, моравме се тоа да земеме предвид. Треба да одиме во полициска станица, каде треба да се даде извештај“, вели Маја Попова, мајка на Јосиф за „А1он“.


„Имаме информација кој го завел. Човекот се вика Ангел, некој бездомник. Бил во Канада. Тој момент, дали се поклопиле многу работи бидејќи тој (Јосиф) луташе од една во друга страна, може сакал да се пронајде себеси, па нашол, така кажано, верба во Бога. Меѓутоа, едно е тоа што ние сакаме да се подигнеме, а друго она што луѓето ќе ни го пласираат. Кога замина, тој не бил во училиште, се нашол со човекот, тој Ангел. Тие проповедале за т.н. Божјо слово, што кога ќе се каже вака, од една страна не делува лошо и така натаму, но од друга страна, тие проповедаат според некои работи кои велат дека се од Библијата, дека ќе дојде крајот на светот по колку време, не знам што ќе се случи, па пишувало дека кои работи ќе се случувале и така натаму. Работата е што на тој момент го наседнале и поверувал на сето тоа. Тука е направена грешката“, раскажа Попова, вознемирена од случувањата.

Кога момчето било пронајдено, според семејството, било многу збунето. Седиштето на местото каде што се правеле овие активности било меѓу Центар и Карпош.

Повеќе прочитајте на „а1он“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг