„Ама зошто бе Славиша, зошто?“: Нашите познати лица во шок и неверување по смртта на актерот

Точка

02/12/2021

13:00

14.979

Големина на фонт

а а а

Тажна вест утрово ги вознемири македонските граѓани, откако од Македонскиот народен театар соопштија дека на 39-годишна возраст починал нашиот познат актер Славиша Кајевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: Нè остави збунети, во болка и во неверување! Нè остави во длабока тага“: Почина актерот Славиша Кајевски

Колегите од МНТ напишаа дека трагично го загубил својот живот, не откривајќи ги причините за смртта.

Неговите колеги, пријатели и почитувачи на неговиот лик и дело не можат да ја прифатат оваа загуба и со трогателни пораки се простуваат од Славиша.

„Господе зошто овој човек?! Зошто уште еден предобар човек, млад живот и преталентиран актер?! Во шок и неверување сум!!! Во солзи... Не постојат зборови да ја опишат тагата… Славиша“, напиша пејачката Елена Ристеска и го сподели видео-спотот во кој учествува и Кајевски.

„Денес нашиот Славиша Кајевски, нашиот пријател, голем актер, душа памук, секогаш спремен за забава и шеги, со кој имаме поминато многу незаборавни моменти, замина од каде што враќање нема… Почивај во мир душо убава и чиста, немаме зборови да ја искажеме нашата тага и неверување… Другарот на Алескандар со кој цело време си правете муабет за ракометот. Ќе недостигаш… Многу… На сите! Нашето семејство нема никогаш да те заборави… Ова е последен поздрав од нас, Кристина, Александар, Максим и Матео… летај душо сега. Таму е сигурно подобро…“, напиша пејачката Кристина Арнаудова.

🥀🥀🥀Денес нашиот Славиша Кајевски, нашиот пријател, голем актер, душа памук,секогаш спремен за забава и шеги, со кој...

Posted by Kristina Arnaudova on Thursday, December 2, 2021

„Замина Славиша. Го напушти светот на неправдите. Времето стана претешко. Му натежпна бесчувствителноста на околината. Го дотолчи молчењето. Вечна нека му е слава“, напиша режисерот Владимир Милчин, кој му бил професор на Кајевски.

ЗАМИНА СЛАВИША.

ГО НАПУШТИ СВЕТОТ НА НЕПРАВДИТЕ.

БРЕМЕТО СТАНА ПРЕТЕШКО.

МУ НАТЕЖНА БЕСЧУВСТВИТЕЛНОСТА НА

ОКОЛИНАТА.

ГО ДОТОЛЧИ МОЛЧЕЊЕТО.


ВЕЧНА НЕКА МУ Е СЛАВАТА!

Posted by Владимир Милчин on Thursday, December 2, 2021

„Каков удар сине, монструозен и подмолен шок... За мене ќе бидеш мојот син Раде од Министерка, те сакам убавецу.. Одмори се и поздрави ги другарите“, напиша актерката Весна Петрушевска.

Slavisha Kajevski каков удар сине❤️❤️❤️❤️монструозен и подмолен шок❤️❤️❤️🖤🖤🖤🖤🖤за мене ќе бидеш мојот син Раде од Министерка,те сакам убавецу.....одмори се и поздрави ги другарите❤️

Posted by Vesn Bejbimama Petrusevska on Thursday, December 2, 2021

„Ама зошто бе Славиша, зошто? Нека ти е светол патот“, напиша актерката Јелена Јованова.

❤️

Posted by Jelena Jovanova on Thursday, December 2, 2021

„Прекината е богата кариера. Остануваат впечатливи ликови кои секогаш ќе сјаат и ќе зборуваат за една голема актерска ѕвезда. Со длабока тага, изразувам сочувство до семејството, колегите, пријателите. Нека ти е светол патот, Славиша“, порача министерката за култура, Ирена Стефоска.

Славиша, израз на добрина и човечност, висока професионалност. Прекината е богата кариера. Остануваат впечатливи ликови...

Posted by Irena Stefoska on Thursday, December 2, 2021

„О Боже... О Боже не ми се верува... Почивај во мир Славиша“, напиша пејачката Нина Јанева.

О Боже... О Боже не ми се верува... Почивај во мир Slavisha Kajevski 😔

Posted by Nina Janeva Nikolovski on Thursday, December 2, 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг