Реал Мадрид страдаше како тим во второто полувреме и успеа да се одбрани од налетите на Атлетик Билбао, па така голот на Карим Бензема од првото полувреме се покажа како клучен и одлучувачки за големи три бода.
„Кралевите“ победија со 1:0 на заостанатиот натпревар и ја зголемија предноста на табелата во Примера како првопласирани пред Атлетико Мадрид, но покрај налетите на гостите од Билбао, во второто полувреме видовме и неколку одлични технички квалитет од Винисиус.
Бразилецот уште еднаш демонстрираше дека поседува навистина богат репертоар на извонредни потези, а со еден дриблинг посебно го привлече вниманието и извлекол уникатен коментар од легендарниот Хорхе Валдано.
Легендата на Реал го коментирал мечот во живо за „Мовистар“, а по дриблинг бравура на Винисиус останал без текст и го порачал само следното:
– Да бидам искрен, поради вакви работи доаѓам на „Бернабеу“…