Извештај од странски експерти кои го испитуваа автопатот „Струма“: Ова е причината поради која банкината се скина по ударот на автобусот со мала брзина

Точка

02/12/2021

12:45

5.523

Големина на фонт

а а а

Банкините кои се наоѓаат на автопатот „Струма“ каде што се случи тешката автобуска несреќа во која животот го загубија 45 луѓе биле неправилно поставени.

До ваквата констатација дошле меѓународните експерти кои биле задолжени од Институтот за сообраќајна безопасност од Бугарија, да направат непристрасна експертска проверка за условите на патот, пренесува „Сител“.

Ова е нивниот извештај:

„Увидот утврди дека заштитните патни системи (заштитни огради), не се поставени според барањата. На подрачјето на несреќата се случиле бројни несреќи, при што се оштетени заштитните огради. Во овој случај, во средната разделна лента можеме да видиме дека има преинсталирање на објектот. Сигурно имало претходна несреќа во истата област. Приклучокот на заштитната ограда е неправилно монтиран со две завртки наместо четири, по потреба. Ова е причината поради која заштитната ограда се скина и покрај малата брзина со која удри автобусот. Утврдено е и дека недостасуваат знаци, а има и оштетени ознаки“, велат од Институтот.

Наводите од анализата, Институтот ги испрати до бугарското Јавно обвинителство и до Министерството за регионален развој преку отворено писмо.

Според информациите на Институтот, Регионалната управа за патишта два месеци пред несреќата утврдила дека на местото фалел знак и истите бараат истражните органи таквата информација да ја проверат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг