Овен и Мерсон го истипуваа со точен резултат дербито Јунајтед-Арсенал

Дерби

02/12/2021

10:44

2.121

Големина на фонт

а а а

Вечерва ќе се комплетира 14. коло во Премиер лигата, а дербито се игра на „Олд Трафорд“ каде ќе се соочат старите и добри ривали Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Ова е важен дуел за двата состави пред се за Јунајтед кој во моментов е на минус шест во однос на Вест Хем, тим кој го држи последното четврто место кое води во Лигата на шампионите во наредната сезона. Двата клуба не се прославија во дерби битките во актуелнава сезона и ова им е нова шанса за успех, позитивен резултат во овие големи натпревари.

Мечот е закажан за 21:15 часот и за истито свои прогнози дадоа поранешните англиски репрезентативци Мајкл Овен и Пол Мерсон. Овен и Мерсон сметаа дека „топчиите“ сигурно нема да слават против Јунајтед со тоа што Мајкл верува дека завршниот резултат ќе биде 1-1, додека пак Пол типува на 1-1.

Освен споменатиот меч овие двајца дадоа прогноза и за битката Тотенхем-Брентфорд, некогашниот ас на Ливерпул верува во триумф на „петлите“ од 2-0, а пак легендата на „топчиите“ во славје на фаворитот од 2-1.



Спонзорирани линкови

Маркетинг