Челси победи, Тухел незадоволен: Ова не сме ние, ова беше…

Дерби

02/12/2021

10:44

1.991

Големина на фонт

а а а

Тимот на Челси славеше над Вотфорд со 2-1 и со тоа остана на врвот во Премиер лигата, но предводникот на европскиот првак Томас Тухел воопшто не беше задоволен од изданието на неговите момци на „Викариџ Роуд“.

„Сините“ немаа контрола врз поседот на топката, противникот создаде повеќе шанси и имаше повеќе удари, но на крајот сепак Челси беше оној што се радуваше затоа што имаше подобра завршница на акции, приликите кои ги направи.

- Ова не сме ние. Апсолутно не бевме подготвени денес за овој натпревар. Пропуштив да го најдам вистинскиот пристап за да го подготвам мојот тим. Имавме пауза поради многу тажни околности – се надеваме дека личноста е подобра. Ни овој прекин по првите 11 минути не ни го промени пристапот, не се справивме со притисокот, со првата топка, втората топка.

- Имавме многу промени, но премногу грешки. Не беше подобро. Единственото нешто што можевме да направиме беше да се задржиме таму и да се фокусираме на лесните работи. Ова беше среќна победа, - истакна Тухел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг