Овој филм е најгледаниот во историјата на „Netflix“, го сруши рекордот на „Bird Box“

Точка

02/12/2021

11:13

10.677

Големина на фонт

а а а

„Netflix“ ја сподели информацијата дека акциската комедија „Red Notice“ е нивниот најгледан филм.

Филмот на платформата беше прикажан на 12 декември, а веќе во првиот ден од емитувањето стана најгледаниот филм на стриминг сервисот.

„Red Notice“ се наоѓа во категоријата топ 10 филмови во последните три седмици, а моментално 50 отсто од претплатниците на сервисот го погледнале филмот, пренесува „CNN“.

Веста на социјалните мрежи ја споделија и ѕвездите од филмот – Гал Гадот и Двејн Џонсон.

„Wow, wow, wow… Не можам да ви опишам колку сум среќна, колку сум благодарна, колку сум воодушевена со овие луди статистики и информации. Нашиот филм го направивме најгледан во историјата на Netflix. Вие сте причината поради која ги снимаме филмовите. Вашата љубов ни значи. И, никако тоа не го земаме здраво за готово. Ви благодарам!“, напишала Гал во описот на фотографијата која ја споделила на Инстаграм.

На Инстаграм објавата со добри вести ја споделил и Двејн Џонсон кој им се заблагодарил на гледачите и истакнал дека со филмот ја надминале гледаноста на „Bird Box“ во кој главната улога ја има Сандра Булок.

Минатиот најгледан филм на „Netflix“ – „Bird Box“, во првите четири седмици оствари 282 милиони изгледани часа, додека пак „Red Notice“ оствари 328,8 изгледани часа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг