„Преубава си“, „Токио е најдобра“, „Најдобра серија на сите времиња“, се само дел од коментарите на фановите.
Актерката Урсула Корберо, која го толкува ликот на Токио во една од најпопуларните серии на светот – „La Casa de Papel“, објави фотографии кои предизвикаа воодушевување кај нејзините фанови.
Имено, Токио позирала во тесен фустан со прорези на колковите, а поводот за ова елегантно издание била прошталната вечера за проектот кој ѝ донесе светска слава.
„Им благодарам на сите за синоќа, беше вистински сон да се збогуваш од „La Casa de Papel“, онака како што заслужува да биде. Ве сакам“, напишала актерката.
Нејзината објава за само два часа успеала да добие над еден милион допаѓања, а по три часа допаѓањата само се зголемувале.