Укинувањето на летовите нема да го спречи ширењето на омикрон! Директорот на СЗО остар: "Тоа е нешто што вирусите го прават - мутираат"

Точка

01/12/2021

20:21

3.609

Големина на фонт

а а а

Тедрос зборувал за фактот дека некои земји забраниле летови од Јужна Африка и земјите каде е регистриран омикрон.

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус денеска, по повод појавата на новиот сој на коронавирус, омикрон, изјавил дека "тоа не треба да не изненадува" и дека "тоа е нешто што вирусите го прават - мутираат", како и дека мутациите ќе продолжат додека на вирусот му се дозволува ширење.


Тедрос зборувал за фактот дека некои земји забраниле летови од Јужна Африка и земјите каде е регистриран омикрон.

"Многу е загрижувачки тоа што државите кои го пријавија омикрон сега се казнуваат, а ја направиле вистинската работа. Укинувањето на летовите нема да го спречи ширењето на сојот по светот", рекол тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг