Прес-конференција на Филипче: Дали вакцинацијата ќе биде задолжителна? Еве кога ќе бидат завршени и ДНК анализите на починатите во автобуската несреќа

Точка

01/12/2021

12:37

3.442

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Венко Филипче порача дека многу е важно матичните лекари да го зголемат апелот за вакцинација против коронавирус.

На прашањето која е веројатноста да се зголеми процентот на вакцинација со овие мерки и апели, односно да се промени мислењето кај оние граѓани кои не сакаат да се вакцинираат, министерот вели дека засега оставаат на времето.

„Ќе оставиме некое време да видиме дали ќе помогне комуникацијата и апелите на матичните лекари. Апсолутно мислам дека дополнителна мерка, во смисла на некаква форма оваа вакцина да биде задолжителна согласно искуствата и примерите од другите земји кои ќе ги даваат во периодот пред нас, не е исклучена. Додека сето тоа се осмисли, да се види и провери како овие мерки ќе имаат резултат, остануваме со овие мерки“, посочи Филипче.

Изјава Филипче

Posted by MИА.mk on Wednesday, December 1, 2021

Како што истакна тој, затворање и нови рестрикции во земјава не се планирани, но не се исклучени.

„Не е опција карантин, но не знаеме што може да се случи“, вели Филипче.

Филипче се осврна и на автобуската несреќа во Бугарија и рече дека денеска или утре треба да завршат ДНК анализите на починатите.

„Интензивно се работи да се завршат ДНК анализите. Тоа го работат колегите во Бугарија, нашите колеги тука од Институтот за судска медицина се во секојдневна комуникација со нив. Тоа е нешто што треба да се заврши денеска или утре по што ќе се организира транспортот на телата на починатите“, рече Филипче во одговор на новинарско прашање по прес-конференцијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг