Њукасл вчера не успеа да го победи Норвич, со што дополнително си ја искомплицира ситуацијата во борбата за опстанок во Премиер лигата.
Навивачите се загрижени дека и покрај добивање нови сопственици, екипата нема да остане во елитата, а тоа според клупската легенда Алан Ширер може да има и посериозни последици.
– Многу работи зависат од следните два натпревара.
– Шест бода нема да бидат доволни за излегување од опасната зона, но екипата барем ќе фати приклучок со останатите ривали во борбата за опстанок.
– Во спротивно, може да се случи и дополнителен негативен ефект во пресрет на јануарскиот преоден рок. Ниту еден квалитетен фудбалер нема да сака да дојде во екипа на која и се заканува испаѓање, Њукасл под итно мора да ги подобри резултатите и со некој трансфер да се надева на опстанок, – изјавил Ширер.
Њукасл за три дена го пречекува Барнли, потоа му гостува на Лестер, а по тие две средби следуваат големи предизвици во дуелите со Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.