Проблем за Тухел – Тројца ќе го пропуштат Вотфорд

Макфакс

01/12/2021

10:51

1.525

Големина на фонт

а а а

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, се соочува со кадровски проблеми пред натпреварот со Вотфорд, во Премиер лигата.

Лидерот на табелата, како сега стојат работите, во овој натпревар ќе биде без Жоржињо, Рис Џејмс и Тимо Вернер. Од претходно надвор од тимот се Бен Чилвел, Матео Ковачиќ и Нголо Канте.

Челси, вечерва ќе гостува во Вотфорд. По 13.кола, екипата на Тухел ја предводи Премиер лигата с 30 бода, еден повеќе од Манчестер сити и два од Ливерпул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг