На црвениот тепих со порака - не се разведуваме! Пријанка Чопра и Ник Џонас заблескаа прегрнати на доделувањето на модните награди

Точка

01/12/2021

10:10

7.919

Големина на фонт

а а а

Откако во светот одекна веста дека еден од најубавите парови се разведува, Пријанка Чопра и Ник Џонас решиле тоа да го демантираат - заедно.

На традиционалното доделување на Модните награди кои ги доделува Британскиот моден совет, биле забележани многу познати лица, а сите дами на црвениот тепих биле неверојатно облечени - во согласност со приликата.

Модниот избор на Деми Мур дефинитивно бил во центарот на вниманието вечерта, но присутен бил и пар, чиј однос со денови е главна тема во светските медиуми.

Пријанка Чопра и Ник Џонас првпат се појавиле оваа сезона заедно на црвениот тепих. Тие двајца позирале на доделувањето на Британските модни награди во Лондон.

Пријанка избрала 'statement look', носела комбинезон со светол цветен дезен и со своевиден шлеп, со потпис на Ричард Квин, додека Џонас носел црн костум со црвени детали и необични чевли во иста боја.

Ова е воедно нивно прво појавување по веста во медиумите дека се разведуваат.

Имено, Чопра неодамна го тргнала презимето Џонас од Инстаграм, а медиумите додадоа 'масло на огинот' со натписи дека нивниот брак се распаѓа.

Пријанка Чопра, своевремено и официјално најубава жена на светот, ги демантирала наводите за развод, поставувајќи страстен коментар на Инстаграм, под објава на Ник минатата недела.

И Пријанка и Ник покажале дека се посветени еден на друг во идентични објави по повод Денот на благодарноста, со фотографија додека се галат, наведувајќи дека се благодарни - еден на друг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг