Три дози од вакцината Фајзер даваат неверојатен ефект – истражувачите споделија колку штити бустер дозата од Ковид-19

Точка

01/12/2021

09:15

21.345

Големина на фонт

а а а

Третата доза од вакцината Фајзер против коронавирусот го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 отсто или повеќе од заштитата која ја даваат двете дози од таа вакцина, соопштиле истражувачите од Факултетот за јавно здравје од Универзитетот Јеил во американската сојузна држава Конектикат.

„Проценивме дека ризикот од заразување се намалува за дополнителни 83 до 87 отсто, најмалку две седмици по примањето на бустер дозата“, потврдиле истражувачите предводени од Даниел Вајнбергер од Факултетот за јавно здравје, се наведува во списанието „JAMA Internal Medicine“.


„CNN“ пренесува дека тимот од Јеил, преку здравствената служба Макаби во Израел следел над 300.000 луѓе на старост од 40 и над 40 години кои примиле две или три дози од вакцината Фајзер/Бионтек.

Истражувачите донеле заклучок дека 6,6 отсто од луѓето кои примиле две дози од вакцината и 1,8 отсто од оние кои примиле три дози, биле позитивни на тестирањата спроведени од август до почетокот на октомври, со што се докажува дека ризикот се намалува за 86 отсто.




Спонзорирани линкови

Маркетинг