Заев ги демантира обвинувањата на Таравари, бара јавно извинување и повлекување на изнесената клевета

Точка

30/11/2021

21:21

3.918

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев најостро ги демантира изнесените лаги и дезинформации дека наводно тој или било кој друг по негова насока нудел пари на пратеници, соопшти Владата.

„За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини“, се вели во владиното соопштение.

Градоначалникот на општина Гостивар и генерален секретар на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, вечерва во гостување на ТВ Сител ја обвини власта дека ѝ нудела пари на пратеничка од нивните редови за да премине во актуелното парламентарно мнозинство.

„Во оваа држава сѐ може да се направи. Пратеничката добила понуда од другари на премиерот. Ова е циркус-држава“, изјави Таравари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг