"Те сакам и ми недостигаш": Осум години од смртта на глумецот Пол Вокер

Точка

30/11/2021

20:16

7.171

Големина на фонт

а а а

На денешен ден пред точно осум години, во сообраќајна незгода животот го изгубил познатиот глумец Пол Вокер, ѕвездата на филмовите "The Fast and The Furious".

Неговата ќерка Медоу Вокер на Инстаграм објавила фотографија од својот татко како ја држи во прегратка кога била бебе.

"Те сакам и бескрајно ми недостигаш", напишала Медоу.

Вокер загинал на 30 ноември 2013 година на 40 годишна возраст додека со пријателите и неговиот финансиски советник, Роџер Родас возел со Порше во Санта Кларита во Јужна Калифорнија.

Роџер, кој бил на возачкото место изгубил контрола врз автомобилот, удрил во столб, па во дрво при што автомобилот експлодирал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг