Славниот глумец открил дека во метро станица во Њујорк непознат човек му се заканувал со нож во раката

Точка

30/11/2021

19:30

5.878

Големина на фонт

а а а

Бредли Купер открил дека непознат човек пред две години му се заканувал со нож во метро во Њујорк додека одел по својата ќерка Леа.

"Шетав низ град и носев слушалки. Отидов до метро станицата за да се најдам со мојата ќерка. Човекот ми пријде и помислив дека сака да се фотографира со мене. Погледнав долу и видов дека држи нож во раката", раскажал глумецот.


Потоа се завртел и почнал да трча кон излезот.

"Се сокрив близу излезот, а напаѓаачот почна да трча по скалите. Го бркав додека трчаше по Седмата авенија. Го извадив телефонот и го фотографирав. Отидов до полицајците кои беа во теренецот и им објасниц што се случи", додал Бредли.


Го прашале дали бил повреден бидејќи луѓето во состојба на шок често забораваат дека се физички нападнати. Купер рекол дека не е повреде и набрзо се вратил по својата ќерка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг