Новата книга за кралското семејство го обвинува принцот Чарлс за расизам

Точка

30/11/2021

18:50

4.646

Големина на фонт

а а а

Книгата на Кристофер Андерсен "Brothers and Wives: Inside The Private Lives of William and Kate, Harry and Meghan" носи нови детали во однос на кралското семејство, а изнесува прилично контроверзни тврдења каде принцот Чарлс е обвинет за расизам.

Една од главните приказни кои ги носи книгата, а која ја истакнува Page Six е разговорот помеѓу Камила и Чарлс каде принцот прашува каков ќе биде тенот на детето на Меган и Хари.


"Ден 27 ноември 2017 година, веридбата на принцот Хари и Меган Маркл е објавена во 5 часот наутро. Неколку часа подоцна, принцот Чарлс стигнал на доручек и ѝ рекол на сопругата Камила 'Се прашувам како ќе изгледаат децата'? Камила била изненадена со прашањето па одговорила: 'Па, апсолутно прекрасно, сигурна сум...".

Подоцна Чарлс прашал: 'Мислам, што мислиш каков ќе биде тенот на нивните деца?", пишува во новата книга.


Андерсен тврди дека токму Чарлс е неименуваниот член од семејството кој Хари и Меган го обвиниле за расизам во текот на интервјуото со Опра Винфри.

Книгата исто така ја открива фрустрацијата на Хари откако се пожалил од коментарот на Чарлс, кој тогаш му рекол дека е многу чувствителен по тоа прашање.


Овој став го делел и Вилијам, кој наводно коментарот за бојата на кожата го нарекол "нетактичен", а не како "знак на расизам во семејството".




Спонзорирани линкови

Маркетинг