Деми Мур го привлекла целото внимание со прекрасната креација, но промената на нејзиното лице не останала незабележана

Точка

30/11/2021

18:11

16.736

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Деми Мур со години важи за дама која поставува модни трендови, а вчеравечер уште еднаш успеала да го привлече целото внимание кон неа.

Мур се појавила на доделување на наградите „Fashion Awards“ во лондонскиот Ројал Алберт Хол во свечен омбре фустан со ситни, блескави кристали.

Фустанот со должина до колената, актерката го надополнила со чевли со необична потпетица и кожни ракавици. Ваквиот моден избор уште повеќе ја истакнал сензационалната фигура на 59-годишната Деми, но настојувајќи и во лицето да изгледа што помладо, не останало незабележано дека таа претерала со количината на ботокс.


За актерката која важеше за една од најубавите ѕвезди, многумина тврдат дека започнува да добива неприроден, вештачки изглед.

„Беше толку прекрасна, а сега е целосно променета“, „Што се случува со нејзиното лице?“, „Ова е огромна промена“, гласат дел од коментарите по повод новите фотографии од Деми Мур.




Спонзорирани линкови

Маркетинг