Интервју на Роналдо од 2019 година: Заслужувам да имам најмногу „Златни топки“

Макфакс

30/11/2021

17:15

3.639

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо првпат од 2010 година не заврши меѓу првите тројца во изборот за „Златната топка“ на „Франс фудбал“. Наградата седми пат во кариерата ја освои Лионел Меси, а Роналдо во изборот заврши на шестото место.

Ден пред доделувањето на наградите Роналдо се огласи да го демантира уредникот на „Франс фудбал“, Паскал Фере, кој откри дека најголемата амбиција на Португалецот е да има повеќе „Златни топки“ од Меси.

Денес, некој ја ископа изјавата на Роналдо од 2019 година, во која тој открива дека мора да има повеќе „Златни топки“ од Аргентинецот. Роналдо ова го изјавил во интервју што го направи новинарот Пирс Морган.

„Кој рекорд најмногу би сакал да го имам? Би сакал да имам најмногу ‘Златни топки’ во историјата на фудбалот. Тоа го сакам, мислам дека и го заслужувам. Меси е одличен човек и фудбалер, но мислам дека морам да има шест, седум или осум ‘Златни топки’“, изјавил Роналдо и дополнил.

„Ние не сме пријатели, но оваа сцена ја делиме 15 години. Имам добар однос со него, знам дека тој нѐ турка да бидам подобар играч. Тој е најдобриот фубалер против кого сум играл“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг